[:mk]

Во просториите на Информативниот туристички центар при Националниот парк Маврово се одржа промоција на она што е досега сработено во делот на уредување на планинарските и велосипедските патеки во овој национален парк. Оваа активност се изведува во рамки на проектот „Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржливиот еко- туризам во Националниот парк Маврово“. Проектот е заеднички финансиран од страна на Министерството за надворешни работи на Италија, Националниот парк Маврово, ОКСФАМ Италија и Општина Маврово и Ростуша. На оваа промоција присуствуваа директорот на НП Маврово, г-дин Онер Јакупоски, имаше претставник на општината, претставник од ОКСФАМ како и претставници – хотелиери, претставници од туристичките агенции и од медиумите. Воедно, на оваа промоција истотака присуствуваа и кандидатите за водачи во планина кои претходно земаа активно учество во уредувањето на на планинарските и велосипедските патеки во националниот парк. .По поздравните говори, на присутните им се обрати г-дин Константин Циривири, кој најпрвин се заблагодари за укажаната доверба, а потоа изрази задоволство од досегашната соработка помеѓу Националниот парк и ОКСФАМ. Во своето понатамошно излагање г-динот Циривири нагласи дека е уреден само еден дел од на планинарските и велосипедските патеки и дека во иднина е предвидено да се продолжи со уредување на преостанатите. Имено, тој наведе дека се уредени 510 километри планинарски и велосипедски патеки.  Со ова  е создадена мрежа на патеки која формира еден туристички производ што во иднина сигурно ќе ја зголеми понудата за привлекување на туристи, а и се очекува истата да придонесе за поинтензивен развој на туризмот од кој полза секако ќе имаат сите субјекти од оваа област. Во понатамошното излагање беше истакнат техничкиот карактер на патеките, времето на на уредувањето како и нивната туристичка вредност. На оваа промоција беа промовирани и три вида на мапи и тоа: мапи за пешачење, за велосипедизам и една заедничка мапа за пешачките и велосипедските патеки. Наскоро се очекува да излезе и водич за патеките во кои ќе ги има сите карактеристики кои ќе им помогнат на туристите полесно да се снаоѓаат на терен.

 

 

 

 

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]