На 05.09.2026 во Маврово, се одржа свечена церемонија на која беа прогласени најуспешните тимови, беа доделени наградите и официјално беше затворено 26. Светско првенство во спортски риболов на крап – Маврово 2026. 🎉🏆
Најголем успех на ова првенство имаа:
🥇 1. место – Украина
🥈 2. место – Унгарија
🥉 3. место – Литванија
Наградата за улов на најголем крап до тежина од 8.075 кг ја доби тимот на Полска.
НП Маврово упатува честитки до победниците и до сите учесници за покажаните вештини, спортскиот дух и фер-плејот во текот на целото првенство!
За НП „Маврово“ беше особена чест да биде домаќин на ваков голем меѓународен спортски настан.
Мавровското Езеро со својот уникатен природен амбиент уште еднаш се покажа како идеална локација која нуди одлични услови за организација на големи меѓународни натпревари. 🏔️🎣
Благодарност до сите натпреварувачи, федерации, судии, организатори, партнери и посетители кои беа дел од Маврово 2026!
🎣 До следниот натпревар – бистро!

Logos Slider

‹ ›