Маврово Опен 2026“ – успешно заврши Светскиот крапски куп
Успешно заврши Светскиот крапски куп „Маврово Опен 2026“, кој од 20 до 23 август се одржа на Мавровското Езеро, во организација на Македонската Риболовна Федерација, а домаќин на настанот беше ЈУ Национален парк „Маврово“.
На натпреварот учествуваа 33 екипи од повеќе држави, а во текот на натпреварувањето беа изловени вкупно 495 парчиња крап, со вкупна тежина од неверојатни 1.375,5 килограми.
Прво место: Тим од Литванија – 117,42 кг
Второ место: Carp Pro Puhatch Baits 3 – Украина – 102,22 кг
Трето место: Carp Pro Puhatch Baits 4 – Украина – 98,19 кг
Најголема уловена риба: Тимот од Хрватска 1 – 9,61 кг
ЈУ Национален парк „Маврово“ им честита на победниците и на сите учесници за одличниот натпревар, спортскиот дух и успешното одржување на овој значаен меѓународен настан.
Мавровското Езеро уште еднаш покажа дека е одлична дестинација за врвен спортски риболов, но и место каде што природата, спортот и дружењето се спојуваат во едно.
Ви благодариме што бевте наши гости и ве очекуваме повторно во Маврово!
Следната голема средба ја очекуваме за време на Светското првенство, од 02.09.2026 до 06.09.2026 година.
До следното дружење – БИСТРО!





