Почитувани посетители,
ЈУ Национален парк „Маврово“ ја известува јавноста дека, поради зголемената опасност од појава и ширење на шумски пожари, се продолжува забраната за непријавено движење во шумите и шумското земјиште на територијата со која управува Националниот парк.
📅 Забраната продолжува во периодот од 01.09.2026 до 31.10.2026 година, секој ден, 24 часа, односно од 00:00 до 24:00 часот.
Забраната се спроведува врз основа на согласноста издадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно член 57 став (3) од Законот за шумите, со цел превенција и намалување на ризикот од шумски пожари.
📌 ШТО ЗНАЧИ ОВА ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ?
Во наведениот период, движењето во шумите и шумското земјиште е дозволено само со претходно пријавување и соодветно одобрение.
Ова се однесува на сите поединци и организирани групи кои планираат престој, пешачење, планинарење, туристички активности или движење на територијата на Националниот парк.
📝 КАКО ДА ГО ПРИЈАВИТЕ ВАШЕТО ДВИЖЕЊЕ?
Пријавувањето може да се изврши:
📍 Лично во Туристичкиот инфо центар во Маврови Анови,
⏰ секој ден од 08:00 до 16:00 часот
или
📧 Електронски на:
mavrovonationalpark@gmail.com
За електронско пријавување, најпрво е потребно да се изврши уплата на туристичката такса преку:
🌐 www.npmavrovo.mk/tickets
💳 Туристичката такса изнесува 100 денари по лице за секој ден престој на територијата на Националниот парк.
Едно лице може да изврши уплата и за цела група посетители.
Во пријавата наведете:
• име и презиме;
• контакт телефон и е-пошта;
• земја од која доаѓате;
• број на посетители;
• регистарски број на возилото/возилата;
• почетна и крајна точка на движењето;
• цел на посетата;
• датум за кој се бара дозволата;
• датум и време на поаѓање;
• датум и време на враќање.
За организирани групи потребно е да се достават и:
• назив на агенција, фирма или организација;
• име и презиме на одговорното лице;
• список со сите членови на групата.
Во е-поштата наведете дали туристичката такса е веќе уплатена или ќе биде платена по пат на фактура.
✅ ПО УСПЕШНАТА ПРИЈАВА
По извршената уплата ќе добиете автоматска потврда на вашата електронска адреса.
Потврдата треба да ја чувате со вас и да ја приложите доколку биде побарана од ренџерските служби или полициски службеници.
ℹ️ КОЈ НЕМА ОБВРСКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ?
Забраната не се однесува на службените активности на:
• Министерството за внатрешни работи;
• Министерството за одбрана;
• Шумската полиција;
• Центарот за управување со кризи;
• Дирекцијата за заштита и спасување;
• Државниот инспекторат за шумарство и ловство;
• лица кои извршуваат службени активности за потребите на ЈУНП „Маврово“;
• лица кои поседуваат писмено одобрение за движење издадено од корисникот на шумата за подрачјето со кое управува.
ℹ️ Локалното население нема обврска да плаќа туристичка такса за влез во Националниот парк „Маврово“.
⚠️ АПЕЛ ДО СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ
Ги повикуваме сите посетители да бидат особено внимателни и одговорни за време на престојот во Националниот парк.
🚫 Не палете оган на отворен простор.
🌲 Не преземајте активности кои можат да предизвикаат пожар.
♻️ Не оставајте отпад во природата.
🔥 Доколку забележите пожар или друг случај на загрозување на природата, веднаш известете:
📧 npmavrovo@npmavrovo.org.mk
📧 mavrovonationalpark@gmail.com
☎️ +389 (0)42 489 019
☎️ +389 (0)42 489 425
☎️ 122
🚫 КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ
Согласно член 106 од Законот за шумите, за непочитување на забраната и движење во шумите и шумското земјиште без соодветно одобрение, за физичките лица е предвидена глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
🙏 Ви благодариме за разбирањето и соработката.
Со почитување на правилата и одговорно однесување, заеднички ги штитиме природните вредности на Националниот парк „Маврово“ и придонесуваме кон спречување на шумските пожари.
🌿 ЈУ Национален парк „Маврово“

Logos Slider