[:mk]18-19.10.2022г.

Делегација на Регионалниот Парк Шкоцјанске Јаме од Р. Словенија предводена од директорот Стојан Шчука беше во дводневна работна посета на НП Маврово.

Во рамките на оваа посета делегацијата имаше средба со директорот Самир Ајдини и дел од вработените во НП Маврово.

Посетата беше искористена за потпишување на меморандум за соработка, а гостите имаа можност да го разгледаат паркот и да ги видат природните и туристичките потенцијали со кои нашиот парк располага.  

На овој начин ЈУ Национален Парк Маврово и Регионалниот Парк Шкоцјанске Јаме кои воедно се и членки на Мрежата на заштитени подрачја Паркови Динариди, го подигнаа нивото на меѓусебната соработка во рамките на заедничките политики и интересите на двете институции. Со потпишувањето на меморандумот за соработка посебен акцент беше ставен на взаемната соработка во однос на промоцијата на двата паркови, спроведување на стручни истражувања од повеќе области, размена на информации и искуства, подигнување на јавната свест од потребата за заштита на животната средина, спелеологијата, биодиверзитеот и одржливите практики како и промоција на туристичките потенцијали на двете заштитени подрачја.

[:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]