29.03.2021 г. Маврови Анови

Потпишан Протокол за соработка помеѓу Ј.У.Н.П. Маврово и Меѓународниот Балкански Универзитет (М.Б.У.)
На денешниот состанок помеѓу директорот на Ј.У.Н.П. Маврово г-дин Самир Ајдини и претставници на Меѓународниот Балкански Универзитет г-дин Шенер Билали – проректор на МБУ, г-дин Џемил Бектовиќ – декан на МБУ и г-дин Сеид Таировиќ – асистент професор на МБУ беше потпишан Протокол за соработка помеѓу овие две институции. Главните цели на соработка предвидени со овој протокол се:
– Реализација на активности во рамките на Националниот парк, запознавање на студентите и вработените во универзитетот со природните, културните и туристичките вредности на Националниот Парк.
– Соработка при организирање и реализирање на конференции, семинари и презентации од страна на Универзитетот и Националниот Парк, во партнерство со образовните институции на централно и локално ниво, невладините организации и други субјекти кои споделуваат исти цели со Универзитетот и Националниот Парк.
– Поттикнување на научно-истражувачката дејност во разни области од науката и реализирање на заеднички истражувања од страна на претставници на двете институции.
– Овозможување на услови за доделување на стипендии за најуспешните и најталентираните ученици и студенти, организирање на разни активности во сферата на науката, културата, уметноста, спортот и нивна промоција пред пошироката јавност.

После официјалното потпишување на овој протокол и двете страни уште еднаш ја потврдија својата подготвеност за успешна соработка, при што се разговараше и за реализација на првите проектни активности кои во зависност од ситуацијата со пандемијата би започнале во текот на месец Мај 2021 г.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider