[:mk]Д-р Бошко Илиев веќе 17 години успешно реализира соло маратони и натпревари по балканот, 13 во Македонија и 46 во околните земји и секаде со успех ја презентира Македонија во која овој спорт има традиција и завидни резултати. и по Охридсско, Тиквешко, Дојрански, Козјак, Беровско и Велешко, на овогодинешната агенда на Д-р Илиев за соло маратон се најде и Мавровското Езеро. Планираната релација Леуново – Маврово – Никифорово – Леуново во должина од осум километри Д-р Илиев успешно ја исплива со време од 3 часа и 40 минути.

По заввршувањето на маратонот Д-р Илиев се заблагодари на подршката од Националниот парк Маврово истакнивајќи дека Маврвското езеро има голем потенцијал за туристичко-рекреативни и спорски активности и дека со неговото пливање сака да даде придонес за промоција на езерата каде што ги реализира маратоните и да даде пример на младите да се занимаваат со пливање и со спорт воопшто.

Директорот на Националниот парк Маврово Самир Ајдини му ја честита успешно завршената активност на Д-р Илиев при што му додели благодарница за промоцијата на Мавровското езеро и паркот во целина, и нагласи дека Националниот парк Маврово секогаш ќе подржува вакви активности кои го промовираат спортот и туризмот и додаде дека заедно со Општината Маврово и Ростуше и Градоначалникот Медат Куртоски ќе се заложат во иднина овој настан да се дигне на повисоко ниво и да прерасне во пливачки маратон кој би влегол во календарот на Пливачката федерација на Македонија.

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]