26.10.2022г. Маврови Анови. Во работна посета на НП Маврово беше претседателот на Албанската фондација за локален развој (Albanian Local Capacity Development Foundation ALCDF)  г.дин Бесник Алку. Средбата доаѓа откако претходно двете страни во соработка со уште неколку национални паркови од регионот заеднички аплицираа еден предлог проект чија главна цел е поврзување на неколку заштитени подрачја од регионот во однос на зголемување на соработката, размена на искуства и информации, подобрување на мерките за заштита преку превземање на заеднички акции, спроведување на обуки за вработените и локалното население како и техничко опремување на заштитените подрачја со опрема неопходна за спроведување на активности во однос на заштитата на природата.  Проектот како проектна идеја веќе ја помина првата фаза на оценување и ова е првата директна средба на која господинот Алку и директорот на НП Маврово г.дин Самир Ајдини со дел од своите работни тимови разменија подетални информации во однос на припремата на конечната верзија на предлог проектот како и планирањето на специфичните активности. Помеѓу другото на средбата се разгледаа и деталите околу потпишувањето на меморандум за соработка со оваа фондација.

Logos Slider