[:mk]

Маврови Анови ,01 септември 2014

ЈУНП “Маврово„, врз основа на Програмата за волотирање за 2014 година, објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на волонтер во ЈУНП “Маврово„

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати да се пријават на јавниот повик за ангажирање на 1 (едно) лице за извршување на волонтерска работа во ЈУНП “Маврово„, и тоа:

1. Еден (1) волонтер со работни обврски  – одржување на локалитет “Дуфски водопад„:

Предуслови за секој кандидат кој сака да се пријави се следните:

– Да има завршено минимум средно образование;

– Да биде жител на општина Маврово и Ростуше;

– Да има наполнето 18 год.

– Предност ќе имаат кандидатите кои имаат познавање на англиски или некој од другите светски јазици.

Волонтерската работа ќе биде во траење од  минимум 6 месеци со можност за продолжување на ангажманот до 12 месеци.

Сите заинтересирани кандидати покрај апликацијата треба да достават:

• Мотивационо писмо

• Кратка биографија (со податоци за контакт);

• Доказ за завршено образование и копија од лична карта

Потребните документи треба да бидат доставени на следнава адреса:

ЈУНП “ МАВРОВО„

Маврови Анови 1256

Со назнака ,,за јавен повик за ангажирање на волонтери“

Рокот за доставување на документите е 08.09.2014 година. до 16ч. Во туристичкиот информативен центар Маврови Анови или Управа на ЈУНП Маврово – Маврови Анови

Сите кандидати со уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на ЈУНП “ МАВРОВО„  по што од страна на стручна Комисија формирана од управата, ќе биде извршена селекција на најуспешните кандидати врз основа на следните критериуми:

• Мотивираност за работа;

• Постигнатиот услех во образованието;

• Општи познавања за работата.

По завршувањето на постапката за селекција и рангирањето на кандидатите, најуспешниот кандидат ќе бидат повикан да потпише договор за волонтирање и да отпочне со вршење на волонтерската работа.

01.09.2014г. Маврови Анови                                                                                                                                    ЈУНП „МАВРОВО“

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]