[:mk]Денес во просториите на Здравствениот дом “д-р Русе Бошковски” – Ростуше на средба помеѓу директорот на ЈУ Национален Парк “Маврово”  г-дин Самир Ајдини  и директорот на Здравствениот дом д-р Омер Дурмиши беше извршено примопредавање на концентратор за кислород, набавен преку средства обезбедени од буџетот на ЈУ Национален Парк “Маврово”.

Оваа донација ќе биде од огромна помош за вработените во Здравствениот дом кои изминативе месеци неуморно се борат со Ковид 19 пандемијата.

Со ова се добива уште една можност за поефикасно справување со несаканите последици кои ги носи оваа болест, а која не го одмина и нашиот регион.

Грижата за здравјето на локалното население е наш врвен приоритет, а ние како носители на јавни функции и претставници на општествено одговорни институции, имаме обврска да направиме се што е во наша моќ да помогнеме нашите сограѓани да добијат подобар здравствен третман, токму овде во своето место на живеење, истакна г-дин Самир Ајдини за време на предавањето на концентраторот.

Д-р Омер Дурмиши во свое и во име на вработените во Здравствениот дом изрази огромна благодарност до ЈУ Национален Парк “Маврово”  и потенцираше дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]