[:mk]Националниот парк Маврово како и секоја година активно се вклучува во манифестацијата „Ден на дрвото“ па така и оваа година високата снежна покривка не беше пречка вработените во паркот да ја извршат планираната акција.

Во близина на месноста Црн камен се изврши потсејување на 10 кг. елово семе кое потекнува од семејните состојни регистрирани на територијата на паркот.

Националниот парк „Маврово“ во рамките на своите надлежности а согласно повеќегодишните плански документи и годишната програма за работа врши пошумување на целата територија што трае преку целата година во зависност од тоа што се пошумува и секогаш се вклучувала и ќе се вклучува со подршка и свој придонес за сите акции од ваков карактер кои се организирани од страна на државата.




 

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]