[:mk]

На 27 декември 2017 година, во просториите на Информативниот туристички центар, претставници од Националниот Парк Маврово и Македонското еколошко друштво се сретнаа на еднодневна работилница за да направат целосна ревизија на Акциониот план за заштита на балканскиот рис во рамките на паркот, а во склоп на Програмата за закрепнување на балканскиот рис. Работилницата почна со две презентации каде беше претставен статусот на балканскиот рис и причините за негова вклученост како критично загрозен подвид во IUCN. Втората презентација беше ретроспектива на тоа што е досега направено околу акциониот план во 2013 година, како и следни чекори кои треба да се завршат. Вториот дел од оваа работилница се однесуваше на ревизија на досегашниот акционен план каде главно се коригираше временската рамка и се детализираа активностите. Некои активности, кои од 2014 до 2017 беа веќе остварени, или се сметаше дека не се повеќе релевантни, беа исклучени од планот. Работилницата заврши со тоа што двете страни се договорија за понатамошна работа, а најважно од сè, спроведување на петтата интензивна сесија на фото замки во рамките на паркот.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]