[:mk]

 С О О П Ш Т Е Н И Е

                Јавната Установа Национален Парк Маврово им соопштува а воедно ги замолува сите жители на општина Маврово и Ростуше на која територија се простира и Националниот Парк Маврово да превземат мерки во населеното место каде што живеат, шумските предели и ливади со цел да се спречи предизвикување шумски пожар.

Ве молиме да се воздржите од палење на оган што е и забрането со член 75 став 1 од Законот за заштита на природа, а предизвикување шумски пожари е казниво со член 227 од Кривичниот Законик на Р. Македонија.

Јавната Установа Национален Парк „Маврово“, раководниот орган и сите вработени сметаат дека свеста на населението во врска со спречувањето на пожарите е на највисоко ниво бидејќи тоа е во наш заеднички интерес, сите благодети и последици заедно ги чувствуваме, колку повеќе придонесуваме за заштита на природата толку повеќе оставаме за нашите поколенија.

Искрено се надеваме дека ова соопштение ќе придонесе да се зачува заштитеното изворно природно богатсво во Националниот Парк Маврово.

Ви благодариме на соработката!

Соопштението можете да го превземете ТУКА

          

Маврови Анови                                                                                       Ј.У. Национален парк „Маврово“

Директор

Самир Ајдини

 

 

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]