[:mk]Ве известуваме дека на 01.02.2020 година (сабота) се отвора сезоната за спортски риболов на Мавровско Езеро и река Радика во Националниот парк Маврово.

Денови кои се дозволени за спортски риболов се:

  • Мавровско Езеро

Од 01.02.2020 година до 01.06.2020 година дозволени денови за риболов се: петок, сабота, недела и државни празници.

Од 01.06.2020 до 31.10.2020 година риболовот ќе биде дозволен секој ден.

  • Река Радика и притоки

Дозволени денови за риболов од 01.02.2020 година до 30.09.2020 година се: петок, сабота, недела и државни празници.

Ценовник на дозволи за спортски риболов:

  • Дневна риболовна дозвола – 200,00 денари
  • Седумдневна риболовна дозвола – 1000,00 денари
  • Петнаесетдневна риболовна дозвола – 1700,00 денари
  • Годишна риболовна дозвола – 4000,00 денари

Дозволи можат да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.

Од оваа година воведуваме и електронска наплата на Дневни риболовни дозволи. Дозволата може да се купи на www.npmavrovo.mk во делот за БИЛЕТИ или на следниов линк https://npmavrovo.mk/buy/130. За да купите дозвола преку електронскиот систем мора да имате ВАЖЕЧКА E-MAIL адреса на која ќе добиете потврда за уплата. Уплатата може да се изврши со сите видови на платежни картички.

Останува обрвската да поседувате ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ со платена членарина за тековната година.

Дозволата која ќе ја купите по електронски пат ќе ја има и во хартиена форма која може да се подигне во Информативниот туристички центар[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]