[:mk]

Реакција – демант на напишани невистини и обвинувања на интернет порталот МКД.MK

Почитувани,

Јавната Установа Национален парк Маврово, ги отфрла сите обвиненија кои беа објавени на интернет порталот МКД.мк., по насловот:Мавровчани го креваат гласот, најавуваат бојкот на локалните избори и барање за враќање на општината.

Имено, сите обвиненија дека се вршат неконтролирани сечи на шумиво приватен и државен имот се невистинити и претставуваат апсолутни инсинуации затоа што сите активности кои се спроведуваат во шумските екосистеми се во согласност со планските документи кои се изработуваат и одбруваат согласно Законот за заштита на природата, Законот за шумите и подзаконските акти. Исто така сакаме да ја известиме јавноста дека секоја активност во шумските екоситеми е контролирана со Инспекторатот за животна средина и Инспекторатот за шумарство и ловство а против сите евидентирани прекршители на законот континуирано се поднесуваат прекршочни или кривични пријави.

Сакаме да ја известиме јавноста дека Јавната Установа Национален парк Маврово согласно планските документи од областа на рибарството и аквакултурата секоја година го порибува Мавровското езеро со десетици илјади единки автохтони видови, а исто така чуварската служба самостојно и во соработка со Инспекторатот за рибарство и аквакултура спроведуваат редовни контроли и се поднесуваат соодветни пријави против сите лице кои го прекршиле Законот за рибарство и аквакултура и Законот за заштита на природата.

Во однос на наведеното дека Мавровското езеро се загадува со отпадни води, Ве известуваме дека Јавната Установа Национален парк Маврово секогаш кога самостојно ќе утврди или има пријава дека се загадува езерото поднесува барања за вршење инспекциски надзор до надлежниот инспекторат.

За се погоре наведено, и после реакцијата на жители од Мавровскиот регион, Државниот инспекторат за шумарство и ловство            на ден 22.12.2020 година изврши вондреден инспекциски надзор каде што е забележано дека НЕ СЕ УТВРДЕНИ НИКАКВИ НЕПРАВИЛНОСТИ НА СУБЈЕКТОТ НА НАДЗОРОТ (Ј.У.Н.П.МАВРОВО).

Имајќи во предвид дека пракса во новинарството е, пред  да се објави било каква вест, треба да се побара и став и мислење од другата страна, што во овој случај не е запазено, затоа што во конкретниов случај не е побарано мислење од Ј.У.Н.П.Маврово за оваа вест, бараме нашиот демант да се објави во целост на вашиот интернет портал, како што е правило и пракса во објективното новинарство, во спротивно ќе бидиме приморани да постапиме според позитивните законски прописи во РСМ кои се однесуваат на клевета и навреда.

 

Јавна Установа Национален парк Маврово

06.04.2021 година.

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]