[:mk]

Свеченото отворање на овој нов сместувачкиот капацитет се одржана ден 06.10.2011г. Објектот се наоѓа во месноста Трница а во околината на истиот предвидено е да функционира и кампинг простор. Објектот е  именуван како Куќата на Паркот. 
Изградбата на овој сместувачки капацитет е дел од  проектот “Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко туризам во НП Маврово” финансиран и имплементиран од ЈУНП “Маврово„,  Министерството за надворешни работи на Италија, италијанските невладини организации Оксфам Италија и ГВЦ како и општина Маврово и Ростуше.
 
Целта на реконструкцијата на објектот и на опкружувањето на “Куќата на Паркот“, е подобрување на квалитетот на целокупната автентична туристичка понуда во регионот, посебно во делот на планинскиот – авантуристичкиот туризам од кој што во иднина се очекува и најголем прилив на туристи. 
 
Со директното менаџирање од страна на ЈУНП “Маврово„ , “Куќата на Паркот„ има намера да стане сместувачки капацитет од хотелски карактер bed & breakfast со ставањето на располагање на поголема површина во функција на кампинг простор наменет за поставување на шатори.
 
Според директорот на ЈУНП Маврово г.дин Онер Јакупоски, кој во своето обраќање истакна дека овој објект е од огромно значење за развојот на регионот, тој исто така истакна дека, овој сместувачки комплекс ќе се интегрира со територијата и ќе ја претставува истата; покрај тоа ќе претставува и почетна точка за посети и екскурзии со автомобил или пешки, поаѓајќи  од патеки кои имаат потекло токму од овој локалитет. 
Со ова тој само ги претстави сите останати проекти кои му претходеа на овој, и кои се непосредно поврзани со заложбите на ЈУНП Маврово за експанзивен туристички развој на паркот т.е поширокиот регион. Во контекст на ова тој најави промоции на ново маркираните планинарски стази кои исто така се дел од овој поголем проект.
 
Сместувачкиот објект се состои од 5 соби, 2 на приземјето и 3 на првиот кат, во функција на хотел и поткровје во функција на сала за состаноци и работилници. Исто така, големата површина на дворно место со повеќе од 5.000 m2 дава можност за рекреација и кампување со шатори. Салата за состаноци Паркот ќе ја користи за организирање на работилници на научни теми и теми од областа на животната средина но и за средби со локалното население на посебни тематики. 

Во текот на реконструкцијата се водеше сметка за искористување на постоечките материјали и автентичнииот начин на градба. Каменот, примарен елемент на изградбата, беше задржан и валоризиран и е оставен да се гледа без да се малтерисува. 

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]