[:mk]Националниот парк Маврово продолжува со активностите за одржување и збогатување на рибниот фонд на целата негова територија. Затоа, во согласност со своите планови и надлежности, на ден 17.10.2011 (понеделник) изврши порибување на Мавровското езеро и реките од неговото сливно подрачје како и на река Радика со нејзините притоки. Порибувањето беше извршено  со 20 000 парчиња „Автохтона поточна пастрмка“ (salmo faroides) и тоа:

-10 000 парчиња пастрмка во Мавровското езеро и реките во селата Леуново, Никифорово, Маврово, Бродец и Кракорница; и

-10 000 парчиња во река Радика кај месноста „сотав на река“ и Бигорски ливади.

 На оваа активност му претходеше Спалување на 900 метри запленети риболовни мрежи од криволовци во Мавровското езеро  кои беа запленети од страна на ренџерите на паркот во перод од една риболовна сезона.

 

 

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]