[:mk]

На 17.05.2013 (петок),  во 12.00 часот, во просториите на Јавната установа Национален парк Маврово, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, Националниот парк Маврово и Општината Маврово и Ростуша потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот има за цел да ја формализира соработката меѓу потписниците на полето на собирање на други шумски производи од растително потекло т.е собирање на лековити билки и печурки, на територијата на националниот парк Маврово. Потписници на Меморандумот за соработка беа  г-динот Карл Ларкинс, Директор на Проектот за експанзија на мали бизниси, г-динот Мукрем Мехмеди, Градоначалник на Општина Маврово и Ростуша и г-динот  Онер Јакупоски, Директор на Националниот парк Маврово.

Соработката меѓу потписниците ќе вклучува техничка помош од страна на Проектот за изработка на правилници со кои ќе се дефинира начинот на собирање и користење на лековити билки и печурки, начинот на издавање дозволи за собирање, како и обучувањето на заинтересираните лица. Меморандумот исто така опфаќа отворање на 4 нови откупни центри на територијата на Националниот парк Маврово, набавка на потребната опрема за откупните центри и активности за промоција на собирањето на други шумски производи како економска активност.

Целта на соработката е да се поттикне локалниот економски развој преку организирање и регулирање на собирањето на други шумски производи, со што ќе се отворат можности за сезонска работа за локалното население и остварување на постабилни приходи. Истовремено, едукацијата за правилно собирање на билките и печурките е во функција на заштита на природата, со што ќе се обезбеди одржливост на активноста.

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси е четиригодишен проект кои се спроведува во Полог и Пелагонија со цел да го поттикне создавањето на работни места, како и економскиот развој на регионално ниво. Проектот создава партнерства меѓу јавниот и приватниот сектор на локално и регионално ниво за да произведе иницијативи кои ќе им помогнат на микро, малите и средните бизниси во нивниот развој.  Иницијативата „Расти повеќе пченка“ е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Центарот за развој на Полошкиот плански регион.

Американскиот народ, преку УСАИД, има инвестирано над 500 милиони долари во Македонија, започнувајќи уште од 1993 година. УСАИД соработува со граѓаните на Република Македонија во насока на создавање на нови работни места, засилување на демократските институции и искуства, подобрување на интегрираното образование и подготвување на учениците за влез на пазарот на работна сила. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат транзицијата на Р. Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во преку 100 земји во светот. За повеќе информации, посетете ја веб страницата www.macedonia.usaid.gov  

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]