[:mk]

Јавен повик за пријавување на кандидати за полагање на стручен испит за чувар во Национален парк Маврово
јуни 08, 2015
Врз основа на член 108 од Законот за заштита на природата (“Сл. весник на Република Македонија” бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13 и 41/14)и Правилникот за содржината на програмата за полагање на стручен испит за чувар во заштитено подрачје и начинот и постапката за полагање на стручниот испит (“Сл. весник на Република Македонија” бр.126/10) Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Јавен повик за пријавување на кандиидати за полагање на стручен испит за чувар во Национален парк Маврово- Маврови Анови.
Стручниот испит за чувар во национален парк Маврово го полага чувар, назначен од страна на Јавната установа Национален парк Маврово- Маврови Анови.
Јавниот повик е со времетраење од 08.06.2015 година до 22.06.2015 година.
Пријавите за полагање на стручен испит на чувар во Национален парк Маврово се доставуваат до архивата на Минситерството за животна средина и просторно планирање ул.Гоце Делчев бр.18 зграда на МРТВ, 10 кат.
КОМИСИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЧУВАР ВО НАЦИОНАЛЕН ПАРК – МАВРОВО

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]