[:mk]

На Илинденскиот празничен жежок викенд во Маврово и регионот си дрмаше долгоочекуваниот летен качувачки настан MAVROVO CLIMBING EPIC CHALLENGE 2015 кој врвеше во супер позитивна качувачка атмофера со многу качување, преубави моменти и силна качувачка енергија.

На настанот присуствуваа околу 30 учесници, а покрај Македноските качувачи и алпинисти беа присутни и качувачи од Бугарија и Србија, а нажалост присуството на Словенците беше онемозвожено од технички причини.

Во Саботата се качуваше целодневно, енергично и неуморно, позитивна качувачка енергија ги заведе сите качувачи да го дадат својот максимум правејќи воодушевувачки и храбри движења искачувајки ги грандиозните карпи во Мавровската пештера. Присуствуваа качувачи почетници, напредни па се до сериозни качувачи и натпреварувачи полни со ентузијазам и глад за качување. Почетниците, водени од ClimbingSchool ги направија првите чекори во спортското качување косумирајки возбуда и спортски предизвик во оваа авантура.

Вечерта во хотел Елем беше опуштена вечер, проследена со групна вечера и одлична дружба. Подоцна на главната тераса во Елем се одржа ноќна качувачка опуштена забава со Balkan beat и Македонска музичка плеј листа.

Во Неделата попладне, по опуштеното Мавровско утро, се одржа натпреварот, односно предизвикот во искачување на врвна насока EPIC CHALLENGE 2015. На „предизвикот“ одговорија 5 цврсти качувачи помеѓу кои и една супер –девојка Милица Огњановиќ СРБ од ПАЕК Ниш. Нашата Маја Петровска нажалост не учествуваше поради спортска повреда. Предизвикот се одржа на насоката „Сепаратизам“ 7b, каде што учесниците наименично еден подруг го демонстрираа својот перформанс, каде што Марио Минчевски МКД од СКК ВЕРТИКАЛ –Битола ја понесе победата на овогодинешниот MAVROVO CLIMBING EPIC CHALLENGE 2015. Предизвикот беше едноставен, кој ке качи највисоко во насоката без пад, натпреварувачите се менуваат наизменично, а имаат безброј обиди еден после друг во времетрање од 5 часа, 14ч до 19ч вечерта.

Вечерта со почеток во 22 часот на терасата на одморалиште Елем, со прекрасен поглед кон Мавровското езеро и полна месечина, беше проекцијата на првиот документарен филм за Македонското спортско качување, „Кон Врвот“ во продукција на Punk production. По проекцијата, беа прогласени победниците во машка и женска категорија, Марио Минчевски МКД и Милица Огњановиќ СРБ, па потоа атмосферата премина во качувачка забава со одлична музика и дегустација на вино и промоција на „Староградско пиво“ која продолжи се до раните утрински часови.

Понеделникот повторно се качуваше до зајдисонце, каде што на крајот на денот се збогувавме со нетрпение на следното издание на MAVROVO CLIMBING EPIC CHALLENGE 2016.

Голема благодарност до сите кои дојдоа и присуствуваа, ни беше чест да го споделиме маврово и качувачката магија во овој регион со сите вас, создавајки прекрасни летни качувачки спомени.

Огромна благодарност за настанот упатуваме кон покровителот на настанот НП Маврово, за укажаната помош и соработка, како и верниот пријател на македонските качувачи и нивната визија, WURTH –Македонија и Вертикал спорт –Скопје кои безрезервно не помогнаа во реализација на настанот, а огромна благодарност упатуваме и кон ALGA SAN кои обезбеди пакет производи наменети за спортисити, ВИТАЛИЈА –здрава храна како нашиот верен партнер, ГОРСКА ВОДА и нивните производи наменети за спортската популација.

Одлично качувачко доживување и дружење, беше и помина MAVROVO CLIMBING EPIC CHALLENGE 2015, и со нетрпение го очекуваме следното издание во Август, 2016, MAVROVO CLIMBING EPIC CHALLENGE 2016, каде што ќе бидат претставени бројни изненадувања и новитети, при што веруваме и настојуваме настанот да прерасне во популарен балкански качувачки настан, притоа промовирајќи го Мавровскиот качувачки потенцијал и развивајќи го спортското качување во овој регион.

До скоро…

IMG_2367 IMG_2364 IMG_2359 IMG_2355 IMG_2353 IMG_2335 IMG_2307 IMG_2296 IMG_2289 IMG_2278 IMG_2265

Сите останати фотографии можете да ги погледнете, а и превзмете од следниот линк

ФОТО

Димитар Попов

Огранизатор

MAVROVO CLIMBING EPIC CHALLENGE 2015

Фото и Текст : .climbingschool.mk

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]