[:mk]

ЈУНП Маврово во соработка со УСАИД, Швајцарската амбасада и општина Маврово и Ростуше веќе подолг период работи на проектот за експанзија на мали бизниси. Истиот се реализира во неколку фази во кои што беа извршени обуки на локалното население за собирање на други шумски плодови, склучување на договори со 3 откупни оператори и отварање на 3 откупни пунктови на територијата на паркот т.е општина Маврово и Ростуше.
Одржливо користење на другите шумски плодови е проект кој ги таргетира интересите на локалното население, со цел истото да се запознае со значењето на природните ресурси, нивното правилно користење и како крајна цел со правилно третирање на истите да се дојде до дополнителни приходи.
Денес во месноста Пилана беше официјално отворен третиот откупен пункт за ДШП, а фирма која ќе управува со истиот е Флорес ДОО. Покрај овој, во моментов функционираат и пунктот во с. Јанче како и пунктот во с.Врбен со што е покриен целиот регион.
Преку 700 жители на населените места кои гравитираат во паркот, а кои беа дел од обуката за собирање на ДШП, сега ќе можат да потпишуваат договори со било кој од овие оператори.
Носителите на проектот сметаат дека ова во целост ќе ги намали трошоците за транспорт и други услуги на досегашните собирачи, со тоа ќе се зголеми нивната заработувачка, а самото тоа ќе придонесе за зголемување на бројот на активни собирачи.
ЈУНП Маврово како носител на целиот процес ќе се грижи и за заштита на интересите на локалните собирачи.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]