По повод одбележувањето на 22 Април – Денот на планетата земја, ЈУНП Маврово спроведе акција за чистење на отпадоци на неколку локации. Преку оваа акција ЈУНП Маврово се приклучува кон активностите кои во однос на решавањето на проблемот со отпадот ги спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.М.  

Повеќе →

Петтата интензивна сесија со фото замки во Националниот парк Маврово започна на 15 февруари оваа година. Ренџерите во паркот заедно со членовите на Македонското еколошко друштво за 4 дена успешно поставија 60 фото замки на 30 различни локации во паркот. “Замките„ ќе бидат активни 2 месеци, а контрола на истите ќе биде вршена според претходно […]

Повеќе →

На 25.02.2018 година на дел од водите на река Радика се одржа првото и второто коло во рамките на Државната СПИН лига 2018 „Лов на риби грабливки со вештачи мамци од обала – СПИН“ во оранизација на Македонската риболовна федерација. Учество зедоа девет натпреварувачи, а натпреварот го водеа двајца официјални судии и шест судии волонтери. […]

Повеќе →

Во просториите на туристичкиот информативен центар се одржа работна средба на која присуствуваа директорот на ЈУНП Маврово г.дин Самир Ајдини, градоначалникот на општината Маврово и Ростуше г.дин Медат Куртоски, претставници на одделението за урбанизам и претставници на бизнис групација од Белгија и Холандија. На состанокот беа разгледани идеите и барањата на бизнис групацијата која е […]

Повеќе →

Во рамките на своите надлежности а согласно Годишната програма за работа, Националниот парк Маврово изминатиов период спроведува еколошки акции за чистење на отпадот на целата територија на паркот. Овие акции се редовни и ќе продолжат да се спроведуваат во иднина и воедно ги повикуваме сите институции, здруженија и граѓани доколку имаат желба можат да се […]

Повеќе →

Logos Slider