Mavrovo tour flyer



ИнформацииПрограмаМапаФормулар за регистрацијаГалерија

Велосипедска и пешачка тура Маврово

Маврово турата 2013 ќе се одржи во  недела на 16 јуни. Покрај рекреативната тура околу езерото ќе се организира и професионален маратон и полумаратон како и дополнителни активности.. Организаторите ќе обезбедат автобуски превоз (250 МКД за автобуска карта и 100 денари за превоз на велосипед). Благодарение на поддршката од спонзорите, сите средства собрани од годинешната Маврово тура ќе бидат донирани за доуредување на патеките по кои се вози Маврово турата.


Следејќи ја традицијата, ќе биде организирана лотарија со многу интересни награди, како што се велосипед, викенди за двајца, ручек за двајца во дел од Мавровските ресторани, годишна риболовна дозвола и др.. Сите ќе можат да учествуваат во лотаријата со купување на посебно дизајнираната маичка или купоните за лотарија. Секој што ќе ја носи маичката Маврово тура 2013 ќе има слободен влез во пештерата Шаркова дупка  и жичарата.




Пазарот што ќе биде поставен на Плоштадот Маврово ќе биде отворен во текот на целиот ден за сите што ќе сакаат да купат некој сувенир или домашно приготвена храна. Доколку сте од регионот на Маврово и би сакале да продавате домашно изработени производи ве молиме да контактирате со организаторите.


Маврово турата беше за прв пат организирана во 2009 година, како иницијатива на Амбасадата на Кралството Холандија, Општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово. Целта на оваа тура е да се промовира велосипедизмот, здравиот начин на живот и туризмот во регионот на Маврово. Сите хотели околу Мавровското езеро и Велосипедската федерација на Македонија ја поддржаа оваа иницијатива.

Посетете ја нашата Фејсбук страница: www.facebook.com/MavrovoTour или https://www.facebook.com/mavrovo?ref=tn_tnmn



*Иако организаторите на турата Маврово секогаш преземаат сè што е во нивна можност да осигураат безбеден транспорт на велосипедите, тие не преземаат одговорност за штети што можат да настанат за време на превозот.

 

 

Организирано од:

Kingdom of Netherlands Mavrovo National Park Municipality

Спонзорирано од: