[:mk]

Галичката Свадба или Петровденската Галичка свадва

Секоја година се одржува на Петровден (12 јули т.е за време на викенд деновите околу овој празник). Богата е со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат ,зурлите и ечат тапаните „од Галичник до Река“, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод.

Галичката Свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба.

За време на Галичката свадба, се практикуваат голем број на обичаи кои ја карактеризираат оваа истата: чукањето на тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле”, и други обичаи, кои полека изумираат но кои во себе содржат и кријат многу детали од животот на Галичанецот во минатото.

Секој Петровден, во јули, е ден на раскошните носии, езгиите, величествените обреди и ритуали на единствената Галичка свадба, чие пошироко значење своја круна добива со влегувањето во ризницата на духовни вредности на човештвото што се под заштита на УНЕСКО.

За разлика од порано кога чинот на свадбата траел 5 дена, сега истиот се реализира во времетраење од  два дена во кои сите обичаи се одвиваат според официјална програма која е адаптирана според потребите на многубројните домашни и странски гости.

Галичката свадба е една од најпознатите културни манифестации во Македонија, и истата секоја година привлекува се поголем број на посетители.

[Best_Wordpress_Gallery id=”27″ gal_title=”Galichka svadba”]

[:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]