[:mk]Ве известуваме дека од 01.06.2020 година спортскиот риболов на Мавровско Езеро ќе биде дозволен секој ден и ќе важи до 31.10.2020 година

Дозволени денови за риболов на река Радика и притоки се петок, сабота, недела и државни празници и ќе важи до 30.09.2020 година

Ценовник на дозволи за спортски риболов:

  • Дневна риболовна дозвола – 200,00 денари
  • Седумдневна риболовна дозвола – 1000,00 денари
  • Петнаесетдневна риболовна дозвола – 1700,00 денари
  • Годишна риболовна дозвола – 4000,00 денари

Дозволи можат да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.

Исто така ве потсетуваме дека од оваа година воведовме и електронска наплата на Дневни риболовни дозволи. Дозволата може да се купи на www.npmavrovo.mk во делот за БИЛЕТИ или на следниов линк https://npmavrovo.mk/buy/130. За да купите дозвола преку електронскиот систем мора да имате ВАЖЕЧКА E-MAIL адреса на која ќе добиете потврда за уплата. Уплатата може да се изврши со сите видови на платежни картички.

Останува обрвската да поседувате ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ со платена членарина за тековната година.

Дозволата која ќе ја купите по електронски пат ќе ја има и во хартиена форма која може да се подигне во Информативниот туристички центар.

 

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]