[:mk]

На 30.05.2021г. во Лазарополе беше реализирана заедничка завршна вежба на полициските службеници, кандидати за прием во Специјалната антитерористичка единица – Тигар и во Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на МВР.
На вежбата на која покрај другите гости присуствуваше и директорот на Ј.У.Н.П. “Маврово” Самир Ајдини, од страна на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  му беше доделена  благодарница за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес во модернизирање на капацитетите на МВР.
Благодарници им беа доделени и на градоначалникот на Општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани, додека пак на премиерот на Р.Северна Македонија Зоран Заев му беше доделена плакета за соработка и партнерство.
Во оваа вежба учествуваа полициски службеници, кои што успешно ја завршија претходната селективна обука и се пријавија за работа токму во овие организациони единици на МВР, а за време на вежбата ги демонстрираа нивото на подготвеност, вештините и тактиките кои ги совладале за време обуката, кои ќе може да ги применуваат во секојдневните работни активности во двете елитни единици на Министерството за внатрешни работи.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]