[:mk]Денес 07.06.2021 во просториите на Националниот парк Маврово се потпиша договор помеѓу Ј.У. Национален парк Маврово претставуван од Директорот Самир Ајдини и Спелеолошката Федерација на Македонија претставувана од Претседателот на федерацијата Дарко Неданоски, за изработка на студија за туристичка валоризација на пештерата „Шаркова Дупка“ во Маврово и обука на двајца кандидати за спелеолози-водичи за потребите на туристичката функција на пештерата Шаркова Дупка.
Овие активности ќе се реализираат во рамките на проектот “Спелео авантурите- голема шанса за авантуристичкиот туризам” Финансиран од: НВО Паркови Динариди- Мрежа на заштитени подрачја ДИНАРИДИ а ќе се спроведат од НП Маврово во партнерство со Спелеолошка Федерација на Македонија и Локалната Организација Маврово 365.
Во рамките на овој проект исто така е предвидено да се реконструира осветлувањето во пештерата, реконструкција на скалите, доуредување на влезот и пристапот до пештерата, промотивни материјали, набавка на заштитна опрема, а по завршувањето на предвидените активности НП Маврово ќе организира настан на кој ќе биде промовирана студијата за туристичка валоризација на пештерата како и ќе бидат претставени спелеолозите-водичи кои во иднина ќе работат во истата.
По завршувањето на проектот пештерата „Шаркова Дупка“ повторно ќе биде отворена за посетители со што ќе ја збогатиме туристичката понуда на паркот и во иднина ќе продолжиме да работиме на проекти кои придонесуваат за развој и унапредување на туризмот во Националниот парк „Маврово“

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]