[:mk]По повод одбележувањето на 5 Јуни Светскиот ден на животната средина во комплексот Кораб Трница во Националниот парк Маврово се одржа настан за јавна презентација на активностите за спроведување на ревизија/дополна на Студијата за ревалоризација и изработка на План за управување со НП Маврово, како основи за добро и одржливо менаџирање со ова заштитено подрачје.

Започнува процесот на репрогласување на НП Маврово за заштитено подрачје. На настанот воведни обраќања имаа министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и директорот на ЈУНП Маврово Самир Ајдини, а активностите ги презентираа претставниците на партнерските организации Бојан Ранташа од Глобал Конзервејшн, Робертина Брајановска од Македонско еколошко друштво и Сашко Јорданов од МЖСПП и тим лидерот од страна на МЕД Проф. Митко Караделев.

„Ми претставува особена чест и задоволство да ја истакнам веќе воспоставената соработка со нашите партнери Глобал Конзервејшн Фонд, Македонското еколошко друштво и Јавната установа Национален парк Маврово во процесот за повторно прогласување на Маврово за заштитено подрачје во категоријата национален парк, како обврска која произлегува од Законот за заштита на природата. Оваа значајна соработка претставува можност да го продолжиме патот кон заштита, зачувување и унапредување на природните вредности со кои се карактеризира Националниот парк Маврово и надминување на предизвиците со кои се соочува управата на паркот во негово одржливо управување и заштита на природните вредности” изјави министерката Шукова.

Директорот на ЈУНП Маврово Самир Ајдини изрази задоволство од конечното отпочнување на процесот за репрогласување на Паркот, како едно од најголемите заштитени подрчја во државата, особено од причина што во изминатиот период многу често неправилно и неправедно се соочувале со обвинувања најверојатно заради непознавање на фактите или неправилно толкување на истите. Директорот го поздрави партнерството со четирите субјекти од што че произлезат многу значајни документи, Студијата за ревалоризација, Планот за управување како и законот за репрогласување на Националниот парк Маврово. Тој истакна дека Националниот парк маврово ќе ги стави на располагање своите ресурси во изработката на овие значајни плански документи и нагласи дека целиот процес ќе биде максимално трнспарентен.

Во врска со потпишаниот меморанум за соработка за НП Маврово (04.04.2023) дополнителни научни истражувања ќе се спроведат оваа година од страна на Македонското еколошко друштво, што е основа за продлжување со постапката за ре-прогласување на националниот парк Маврово. Студијата за ревалоризација на НП Маврово ќе ја следи законската обврска на нејзината соджина со предлог-надворешни граници и предлог-зонирање со наративни описи на секоја од предлог зоните и ГИС податоци, врз основа на податоци за проценка на статусот на живеалиштата и видовите од национално и ЕУ значење, која ја рефлектира нивната тековна состојба и потреба во согласност со мониторингот што го спроведува Јавната установа НП Маврово. За изработка на оваа активност се обезбедни средства од буџетот на МЖСПП.

Социо-економскиот карактер на НП Маврово е еден важен белег на ова подрачје со оглед на фактот што на територијата на паркот егзистираат 37 населени места. Активност за Социо-економска студија заедно со Планот за управување претставува основниот стратешки

[:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]