ЈУ Национален Парк “МАВРОВО” изврши порибување на водите на територијата на паркот
Националниот парк „Маврово“ согласно своите надлежности и планови за работа, а согласно годишната програма за работа, изврши порибување на водите на територијата на паркот.
Во текот на вчерашниот ден ( 21.01.2021г.) Мавровското езеро беше порибено со 200кг крап и 100 кг поточна пастрмка (salmo faroides) , а реката Радика со 100 кг поточна пастрмка (salmo faroides) . Се порибуваше на неколку локации по течението на реката Радика и Мавровското езеро.
Според програмата на паркот ваквите активности преку кои ќе се реализираат плановите за зголемување на рибниот фонд ќе продолжат и во наредниот период.