Н.П “Маврово„ на меѓународен саем за туризам во Тел Авив и Истамбул
Во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, ЈУНП Маврово и ОХФАМ – Италија извршија успешно претставување на Националниот парк Маврово во рамките на штандот на Република Македонија. Учеството на меѓународните саеми претставуваше изнвонредна можност за претставување и воспоставување на нови контакти и партнерства. Посетителите истакнаа особен интерес и задоволство за богатството со флора и фауна , можностите за посета , капацитетите кои Националниот парк Маврово ги поседува од областа на туризмот и рекреацијата.
На посетителите им беа предочени и објаснети активностите кои Националниот парк Маврово ги спроведе во изминатиот период како што се отворање на Инфо поинт канцеларија, 400 километри туристички рекреативни и планинарски и велосипедски патеки , уредување на природни локалитети како пештерата “Шаркова дупка„ , водопадот “Дуф„ , сафари паркот “Бунец„ и сл.
Македонските Амбасади и од Тел Авив и Анкара покажаа голем интерес и подршка за активностите кои ги спроведуваме во правец на развој и промоција на Туризмот на Република Македонија.