Во просториите на туристичкиот информативен центар се одржа работна средба на која присуствуваа директорот на ЈУНП Маврово г.дин Самир Ајдини, градоначалникот на општината Маврово и Ростуше г.дин Медат Куртоски, претставници на одделението за урбанизам и претставници на бизнис групација од Белгија и Холандија.

На состанокот беа разгледани идеите и барањата на бизнис групацијата која е заинтересирана да инвестира во областа на туризмот. Се разговараше и за можни локации каде што во иднина би се реализирале нивните идеи, како и за сите административни законски процеси кои ќе мора да се испочитуваат пред почетокот на реализација на проектот.

Домаќините на оваа средба изразија огромно задоволство поради искажаниот интерес и најавата на оваа сериозна инвестиција, и притоа се обврзаа да ги обезбедат сите потребни услови истата да се реализира во согласност со законот и во што побрз временски период.

Од страна на гостите беше констатирано дека националниот парк Маврово е интересна дестинација која во иднина ќе биде се попривлечна за домашните и странските инвеститори.

 

 

Остави Коментар

Logos Slider