СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ

 

Во текот на вчерашниот ден 30.08.2023 година во утринските часови Управата на паркот – Службата за заштита на природата, доби дојава од страна на ренџерската служба задолжена за мониторинг и контрола на теренот, дека во атарот на селото Жировница на м.в. Жировничко Камче, оддалечено 500 – 600 метри до населеното место, на локалниот пат кој  води до селото Жировница, на локалната депонија забележани се неподвижни: една возрасна мечка и две мали мечиња.

Управата на Паркот, најпрво го информира надлежниот Инспектор од областа на ловството – Зоран Вуиќ, и по консултација со него веднаш е пријавено до службата 192, при Министерството за внатрешни работи, Како резултат на пријавата, за многу кратко време беа превземени мерки за обезбедување на локацијата од страна на МВР т.е Полициското одделение во Ростуше.

Паралелно со пријавувањето, одделението за заштита при ЈУ Национален парк “Маврово”  на местото на настанот испрати екипа од пет ренџери предводени од ревирниот раководител за подрачјето на Долна Река.

Во меѓувреме беше испратена информација до  МЖСПП – Управа за заштита на Природата, како и до надлежниот инспектор од областа за заштита на природата – Пејо Кироски.

Службата за заштита, во придружба на службено лице од Управата за заштита на природата се упати на место на настанот, при што беше потврдена претходно  пријавена состојба и првично беше контатирано дека се застрелани една возрасна единка и две мали мечки на локалната депонија која што служи за времено депонирање на локалниот отпад пред да го прибере и однесе комуналната служба на Општината.

На  местото на настанот непосредно после пристигнувањето на нашите служби, пристигна тим од четири службени лица – Увидна екипа од МВР од Гостивар, како и Инспекторот за заштита на природата Хасан Рустеми, кои направија теренски увид и обиколка, при што ја комплетираа фото-документацијата, и ги прибраа петте на број патрони (чаури) кои што веројатно беа испукани од ловечка пушка, и кои што беа на асфалтниот пат, а биле употребени за отстрел на животните .

После завршениот увид, и комплетирањето на целокупната фото документација екипите на ЈУНП “Маврово” пристапија кон отстранување на мечките од местото на настанот и од ѓубриштето на асфалтниот пат по барање на увидниот тим, и потврдувањето дека сите три мечки се застрелани со огнено оружје, со кое било пукано од непосредна близина и мало растојание, при што и настантала смрт на самата депонија.

По завршувањето на увидот со дозвола на полициските службени лица, вработените од Паркот ги презедоа мртвите животни  и ги однесоа во управната зграда, каде што ќе бидат чувани за понатамошно постапување.

Во изминатиот период населението кое што живее на  територијата на Паркот, веќе подолго време има проблеми со се позачестената појава на мечка околу, но, и во населените места, (меѓу другото и населението од село Жировница), и често пати има доставувано усмени, но и писмени пријави за претрпена штета до управата на Националниот парк, кои што редовно се процесуирани до надлежните служби. Покрај тоа има усмени потврди дека се случиле и средби со месното население во селото.

Од тие причини, преставниците на одделението за заштита на ЈУНП Маврово, на сите средби го истакнуваше моментот дека Законот не дозволува отстрел или осуда на Мечката и реално никој неможе да постапува поинаку од законските одредби кои што пропишуваат дека овој вид на дивеч е под трајна забрана за отстрел.

Од особена важност е да се спомене фактот дека државата ја  покрива целокупната предизвикана штета кај сите оштетени страни кои што ќе пријават ваков случај.

Во последниве случувања не е испочитуван законот, туку оштетената страна го “превземала” законот во свои раце, и незаконски и своеволно направила чекори со кои им “пресудила” на три мечки во една вечер,

Во последните години на подрачјето на Националниот паркот има зачестена појава и присуство на Мечки во населените места кои претежно се со помал број на жители или најголемиот број на лицата се отселени, но се забележува присуство и во населени селски средини. Ова се случува заради зголемената бројна состојба на популацијата.

На почетокот на оваа година во Управата на Паркот се изготви експертска студија за утврдување на бројната состојба на дивечот на територијата на Паркот и се потврдува бројката од 135 Мечки, што е доволен показател за колкава бројна состојба станува збор.

Во природата оваа година има сериозен недостаток на природна храна за мечките, заради климатските промени кои се значаен фактор за ваквата состојба, при што дополнително придонесува за влошена состојба во исхраната кај дивечот, што претставува уште еден значаен фактор зошто мечките се почесто се присутни во населените места.

Според Управата на Паркот, невнимателното собирање на комуналниот отпад, ненавременото транпортирање, отварање на диви мали и големи, трајни и времени депонии од населението се потенцијано жариште за присуство на дивечот особено Мечките во близина и внатре во населените места.

Големиот број на пријавени случаи, ја наведе Управата на Паркот овој проблем да го пренесе и на надлежните Министерства со барање на решение на проблемот.

Мерки кои се предлагаат  од надлежните институции се: подигање на жичана ограда околу депониите со ниска струја која што ќе го одбива дивечот и втора мерка како предлог е поставување на поголеми метални контејнери со врата се со цел да отпадот не биде достапен за дивечот.

После теренскиот увид сите присутни беше одржана заедничка средба во службените простории на Управата на Паркот, при што беа изготвени  Записници, и беа донесени заклучоци во која насока ќе се движи постапката за утврдување на вистината и откривање на сторителот, затоа што службата за заштита во Националниот парк, во досегашната пракса не се соочила со ваков случај и затоа целосно верува во понатамошната стручна истрага и во утврдувањето на вистината на немилиот и незаконски настан.

31.08.2023 год.                                                                                                                      ЈУНП МАВРОВО

Маврови Анови

Logos Slider