Денес, во Управата на Националниот парк Маврово се одржа средба помеѓу директорот на НП Маврово Харис Ибраими и македонскиот олимпиец и алпски скијач Виктор Петков, кој оваа година ја претставуваше Република Македонија на Зимските олимписки игри во Милано–Кортина, Италија.
Виктор Петков го имаше своето олимписко деби во дисциплината велеслалом, каде во силна светска конкуренција и на една од најпредизвикувачките патеки во светот успеа успешно да ја заврши трката и да го освои 55-тото место, потврдувајќи го својот потенцијал како еден од перспективните македонски скијачи.
Националниот парк Маврово, како и секогаш, останува силен поддржувач на младите македонски спортисти и развојот на спортот во Република Македонија. Паркот посветува особено внимание на поддршката и развојот на зимските спортови, но и на сите спортови кои придонесуваат за промоција на здрави вредности, активен живот и љубов кон природата.
НП Маврово и во иднина ќе биде отворен партнер и поддршка на македонските спортисти и спортски таленти, стоејќи на располагање за нивниот понатамошен развој и спортски успеси.

Logos Slider