Јавна консултативна средба за Студијата за ревалоризација на Национален парк Маврово
На 10.06.2024 година во ресторанот Трница се одржа јавна консултативна средба на која беше презентирана студијата за ревалоризација на Национален парк Маврово, со предлог-надворешни граници на распространување и предлог-зонирање на Националниот парк Маврово.
На презентацијата беа поканети и присуствуваа заинтересираните страни и во дискусијата ги изнесоа своите мислења, забелешки и предлози на кои одговараа претставниците на изготвувачите на студијата и претставниците од НП Маврово.
На сите заинтересирани ке им биде испратена студијата на која ќе можат да достават коментари кои ќе бидат разгледани и дел од нив кои се соодветни ке станат дел од крајната верзија на студијата на ревалоризација.
Целиот процес за репрогласување на Националниот парк Маврово е во поодмината фаза и по завршувањето на јавните расправи од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде подготвен предлог законот.
Изготвувањето на студијата за ревалоризација на Националниот парк Маврово се реализира во партнерство помеѓу Националниот парк Маврово, Македонското еколошко друштво (МЕД) Global Conservation и Министерсвото за животна средина и просторно планирање.