Валоризација на Национален парк Маврово (од воздух)
Со гордост го претставуваме крајниот производ од проектот „Валоризација на Национален парк Маврово (од воздух)“, иновативен и модерен начин за маркетинг и афирмација на нашиот парк – од небото!
Преку брендиран параглајдер со порака за привлекување посетители и туристи, Националниот парк Маврово ќе биде промовиран на еден поинаков и впечатлив начин, онака како што тоа се прави во многу европски и регионални туристички центри.
Главна цел на проектот е да се афирмира и валоризира НП Маврово како значајна туристичка дестинација, како и збогатување на туристичката понуда за сите посетители на паркот.
Директни корисници:
Домашни и странски посетители на Национален Парк Маврово
Реализатор: Летачки Клуб КОНДОР – Гостивар
Партнер и поддржувач: ЈУ Национален Парк Маврово
За повеќе информации пишете ни на mavrovonationalpark@gmail.com
или јавете се на 042 489 425.
НП Маврово – од воздух изгледа уште поубаво!