Спортски риболов
ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ ПРИ СПОРТСКО- РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ВО ВОДИТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА НAЦИОНАЛЕН ПАРК „МАВРОВО“
РЕКА РАДИКА И ПРИТОКИ
-Дозволен рекреативен и спортски риболов од 01.02 до 30.09;
-Дозволен дневен улов 5 парчиња со големина над 30 см.;
-Дозволени риболовни средства: машинка со исклучиво вештачки мамци, блинкер, мушички;
-Дозволени денови: петок, сабота, недела и државни празници;
МАВРОВСКО ЕЗЕРО
–Пастрмка од 01.02 до 30.09.
За останати видови од 01.02 до 31.10 со забрана за време на природен мрест и тоа:
-Клен од 30.04 до 31.05
-Скобуст од 30.03 до 31.05
–Мрена од 30.04 до 30.06
-Плашица од 30.04 до 30.06
-Крап од 01.04 до 30.06
-Дозволени денови: петок, сабота, недела и државни празници, а од 01.07 до 31.10 дозволен е риболов секој ден;
-Дозволен дневен улов:
-Пастмка: 4 парчиња со должина над 30 см
-Крап: 4 килограми
-Останати видови риби: 3 килограми
-Дозволени риболовни средства: две риболовни трски со три јадици или три риболовни трски со по една јадица.
- Риболовна дозвола се издава на лица што поседуваат легитимација за рекреативен риболов
- Риболовната дозвола нема да важи доколку не се почитуваат горе наведените правила и ќе следува соодветна пријава и одземање на опремата за риболов;
- Риболовните дозволи се издаваат на означените пунктови:
-Управна зграда на Националниот парк „Маврово“
-Информативен туристички центар.
ВО СЛУЧАЈ НА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ГОРЕНАВЕДЕНОТО ЌЕ СЕ ПРЕВЗЕМАТ СООДВЕТНИ КАЗНЕНИ МЕРКИ ПРЕДВИДЕНИ CО ЗАКОНОТ ЗА РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА И КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК НА Р.МАКЕДОНИЈА
Детски активности
Детска едукативна патека- Бунец
Детската патека е иницијатива на Националниот Парк Маврово за збогатување на туристичката понуда со едукативни содржини. Идејата е да се обезбедат дополнителни активности за најмладите посетители на паркот за кои во моментов има малку интересни и соодветни содржини. На овој начин НП Маврово се потруди да им го организира слободното време на дечињата додека нивните родители се опуштаат, скијаат, возат велосипед или пак уживаат во прошетките низ националниот парк. Патеката е идеална и за организација на училишни екскурзии и настава во природа. Таа е опремена со информативни и едукативни табли со информации за растителниот и животинскиот свет во Маврово. Тука децата ќе имаат можност да решаваат загатки и да научат нешто повеќе низ посебно конципирани игри. Покрај едукативните табли во три големини, патеката е збогатена и со дополнителни елементи како “хотел за инсекти„, ксилофон и дел за набљудување на птици. Со оглед на тоа што патеката е дел од сафари паркот Бунец, во убавините на ова прекрасно место може да уживаат и возрасните за кои паркот може да организира прошетки и набљудување на Балкански Елен, набљудување на птици и сл.
За да ја посетите патеката, јавете се во информативниот туристички центар во Маврови Анови на 042/489-425 и 042/489-019 и закажете термин.
“Истражи го Националниот парк Маврово на коњ”
Организатор: Коњички Клуб “Бистра – Галичник“
Јавањето на грбот на еден коњ нуди посебно искуство и особено возбудлив начин на уживање во богатствата на Националниот парк – Маврово. Ова е несекојдневен начин да се откријат убавините на овој крај, далеку од секојдневните дразби и притисоци од урбаниот начин на живот. Придружете ни се во обиколката на преубавите предели, глетки полни со моќни планини, бистри потоци и пространи и зелени шуми. Сместувањето е во стари села, уживајќи ги вкусовите на традиционално подготвените јадења.
Шумски тури
Возбудлива шумска тура (Галичник – Св.Петка – Галичник)
За оние кои уживаат во активности во природа, ние ви го нудиме најдоброто јавање. Почнувајќи од с. Галичник нашиот водич ќе ве води длабоко во шумата се до најмалата црква на Балканот –Св. Петка за краток одмор. За време на јавањето ќе можете да ги видите врвовите на Крчин, Стогово и панорамска глетка на с. Галичник, кањонот на реката Радика и многу шумски потоци низ кои тече кристално чиста планинска вода.
Времетраење на турата: околу 2 часа
Поаѓање: 09.30 ч.
Адреналинска шумска тура (Галичник – Селце – Тресонче – Lazaropole )
Ова е идеална тура за оние кои сакаат да го искористат максимумот од еден ден. На оваа тура јавањето е низ шумата Сушица и надолу кон селата Селце и Тресонче, со панормска глетка на северната страна на планината Стогово. На пат кон Лазарополе се поминува низ селото Тресонче со цел да се почуствува фолклорниот амбиент и старата селска архитектура.
Времетраење на турата: околу 8 часа
Поаѓање: 9:30 ч.
Одмор: 14.00 ч. (Ручек во локален ресторан во Лазарополе)
Пристигнување: 19:00 ч.
Планински тури
Овие тури се за оние кои сакаат да ги видат сите планински богатства на планината Бистра. Турата започнува со качување на падините на планината и глетка кон неколку планински врвови. На оваа тура потребно е да се носи соодветна облека, како и опрема за заштита од сонце и дожд. Со посета на неколку бачила оваа планинска тура ќе ви го доближи животот на овчарите, а исто така посетата во бачилата ќе ја искористиме да ги вкусиме најдобрите традиционални бели сирења и јогурт. За оние кои сакаат поинтезивно доживување, ја препорачуваме возбудливата и адреналинската тура со која ве носиме на највисокиот врв Меденица (2,163 м.) со спектакуларен поглед на Корабскиот масив 2,764 м.
Лесна планинска тура и дегустација на сирењe (Галичник – Смрдливи Вирови – Чаушица – Галичник)
Приближно 4 часа
Поаѓање: 9:30 ч.
Дегустација на сирења: 11:00 ч. (сирење, јогурт,салата, домашен леб)
Возбудлива планинска тура и дегустација на сирењe (Галичник – Салтаница- Чаушица –
Смрдливи Вирови – Галичник)
Приближно 5 часа
Поаѓање: 9:30 ч.
Дегустација на сирења: 13:00 ч. (сирење, јогурт, салати, домашен леб, )
Адреналинска планинска тура и дегустација на сирењe (Галичник – Говедарник- Тропешкарупа – Чаушица – Галичник, круг околу врвот Меденица)
Приближно 6 часа
Поаѓање: 9:30 ч.
Дегустација на сирења: 13:00 ч. (сирење, јогурт, салати, домашен леб )
* Без разлика за кои тури ќе се одлучите, јангнешко припремено на традиционален начин е
секогаш достапно со однапред резервација.
Хотелското сместување е секогаш достапно во Хотел НЕДА .
Без разлика дали сакате да ни се придружите на еден час или пак да одберете некоја од турите кои се овде понудени, ние секогаш можеме да ви понудиме опции кои ви се вам соодветни. На нашите тури јаваме Балкански планински коњи: питоми селски коњи, мали но особено издржливи и сигурни за планински терен. Организираме тури за сите нивоа на јавачи од почетници до напредни јавачи. Инструкторите за јавање се обучени за својата работа и слободно консултирајте ги. Овие тури се одлични за групни и фамилијарни одмори, но секако се и добар начин да запознаете отворени и дружељубиви луѓе со авантуристички дух и љубов кон природата.
Листа на опрема:
Удобни чевли;
Соодветна облека за планински временски услови;
Крема за заштита од сонце;
КОЊИЧКИ КЛУБ БИСТРА-ГАЛИЧНИК
+389 77 648 679
hcbistragalicnik@gmail.com