[:mk]Алги

Алгите на територијата на Паркот се застапени со вкупно 79 видови и форми. Видовите припаѓаат кон 9
различни типови на алги; од нив најбогато застапени се дијатомеите (Bacillariophyta) со 37 таксони,
зелените алги (Chlorophyta) со 20 таксони и сино‐зелените алги (Cyanophyta) со 13 таксони.
Најголемиот број на утврдени алгални форми за прв пат се наведуваат за подрачјето на НП “Маврово”.
Некои од нив како зелено‐жолтата алга Tribonema intermixtum и видот од групата на харите Nitella
capillaris за прв пат се наведуваат за Македонија, и двете пронајдени во малиот воден биотоп во
месноста Тони Вода.
Видовиот состав на алгите во високопланинските акватични екосистеми на Луково Поле, Кораб и
делумно Локув, јасно се разликува во однос на пониските водени текови и забарени екосистеми,
вклучувајќи го и Мавровското Езеро. Таквата разлика не може да се објасни со природните варијации
на еколошките услови; за неа најголема причина е негативното човеково влијание, посебно поради
интензивниот развиток на алги индикатори за зголемено ниво на еутрофикација и лош квалитет на
водата.
Најзагрозени во тој поглед се долните текови на Река Радика и нејзините притоки, во кои јасна
доминација покажува зелената кончеста алга Cladophora glomerata, типичен индикатор за силно
загадените води. Фитопланктонот во Мавровското Езеро покажува силно загрижувачка појава на
доминација на само 4 видови на алги, сите индикатори за повисоки степени на еутрофикација.

Габи

Според досегашните истражувања габите во Република Македонија се застапено со вкупно 1.200
видови на макромицети. Врз основа на досегашните истражувања, за подрачјето на НП Маврово беше
познато присуство на вкупно 603 видови габи.
Со истражувањата реализирани во рамките на овој проект, вкупниот број на видови на габи на
територијата на на НП Маврово беше надополнет за нови 58 видови и закружен на 661 вид, од кои 588
видови припаѓаат кон типот Basidiomycota, 61 вид кон типот Ascomycota, 11 видови кон типот
Myxomycota и еден (1) вид кон типот Zygomycota.
Според досегашните сознанија, 15 видови на габи, на целата територија на Република Македонија беа
познати само од Националниот Парк Маврово, на следните 4 локалитети: Аџина Река, Ничпур,
Лазарополе и Бунец.
Како резултат на истражувањата од овој проект, беше утврдено присуство на дополнителни 53 видови
на габи, кои досега не биле познати за територијата на Македонија, што значи, на целата територија на
Македонија регистрирани се само во Националниот Парк Маврово, на следните 22 локалитети: Горен
тек на Радика: Михаилова ливада (1 вид), Росоки: дабова шума (8 видови), Лазарополе: букова шума (1
вид), Аџина Река: смрчово‐елова шума (5 видови), Штировица: ливада (1 вид), Жировница, Брезна:
букова шума (6 видови), Џигелица: дабова шума (1 вид), Сушица: букова шума (2 вида), Сушица,
Црвени красти: букова шума (2 вида), Волковија: елова шума (3 вида), Волковија: ливада (1 вид), Кожа
Планина: буково‐елова шума (2 вида), Врбен: ливада (3 видови), Врбен: букова шума (1 вид),
Кишевица: мешана листопадна шума (5 видови), Кишевица: елова шума (2 вида), Ростуше: борови
насади (3 вида), Бибај: елова шума (1 вид), Тануше, Мелник: букова шума (2 вида), Мавровско Езеро,
Петти километар: букова шума (1 вид), Богдево: букова шума (1 вид) и Дуф водопад: габерова шума (1
вид).
Консеквентно, како резултат на сите досегашни сознанија, на територијата на Националниот Парк
Маврово е утврдено присуство на вкупно 661 вид на габи, од кои 68 видови на габи, во рамките на
целата територија на Македонија, се среќаваат единствено на територијата на Паркот, на погоре
посочените локалитети.
Од вкупниот број на 661 вид регистрирани габи на територијата на Националниот Парк Маврово, 257
видови се лигниколни габи, додека 404 видови се териколни габи.
Од лигниколните видови габи, најголем дел беа собрани на Fagus (124), Abies (41), Picea (19) и Quercus
(79). Неколку видови беа собрани на Alnus, Salix, Populus, како и на плодни тела на други габи. Што се
однесува до териколните видови, најголем број од нив се собрани во две букови заедници (Calamintho
grandiflorae‐Fagetum и Festuco heterophyllae‐Fagetum), во дабовите заедници (Quercetum frainetto‐cerris
и Orno‐Quercetum petraeae) букови и елови заедници (Abieti‐Fagetum и Fago‐Abieteteum meridionale) и
од смрчевата заедница (Abieti‐Piceetum scardicum), кои се и најдобро истражени шуми во Паркот.
Од вкупниот број на видови на габи регистрирани на територијата на Националниот Парк Маврово
(661), најголем број на видови (267), се најдени во букови шуми, 103 видови се собрани во елови шуми,
128 во дабови шуми, 63 во шуми од смрча, 47 во различни шумски заедници кои се развиваат по
должината на реките и потоците (азонален тип) и 51 вид во борови насади. Надвор од шумските
заедници, 38 видови се познати од планинските и алпски пасишта и 46 видови се собрани во ливади и
по рабовите на шумите.
Околу дваесет висококвалитетни видови на габи за јадење растат на подрачјето на НП Маврово, и
претставуваат важен дел од биолошките ресурси на земјата. Во последните години интересот за некои
габи како извор на економска корист е значително зголемен. Значително количество на габи се
собираат во шумите без никаква контрола и се продаваат за извоз во Западна Европа. Видовите со
најголема побарувачка и највисоки цени на македонскиот “пазар на габи” се: Amanita caesarea, сите
јадливи вргањи, особено Boletus edulis, Boletus aestivalis и Boletus aereus, Cantharellus cibarius и
Morchella spp. од класата Ascomycetes. Некои од овие видови се ретки во Националниот Парк. Сите
овие податоци се индикативни за тековните неконтролирани услови под кои резервите на габи се
експлоатираат во земјата.

Што се однесува до јадливоста, или токсичноста на габите, можат да се наведат, 130 видови кои можат
да се користат за човекова исхрана, а 43 видови се отровни. Дел од оние кои се користат во исхраната,
како на пример: Armillaria mellea, Boletus edulis, Boletus aestivalis, Boletus aereus, Cantharellus cibarius,
Craterellus cornucopioides, Hydnum repandum, Macrolepiota procera, Marasmius oreades, Morchella
esculenta, Lactarius deliciosus, итн. поседуваат одлични хранителни квалитети.
Од друга страна, загрижувачки е фактот што видовите: Boletus aestivalis, Boletus aereus, Boletus edulis,
Cantharellus cibarius, Craterellus cornucopioides, Morchella spp. и Lactarius deliciosus се собираат во големи
количини од страна на локалното население и се продаваат во откупни станици за печурки. Поради
прекумерна експлоатација и несоодветно собирање на плодните тела од габите, виталноста на овие
видови е редуцирана. Останатиот дел видови за јадење се собираат само за лични потреби што нема
влијание врз нивниот микодиверзитет. Следниве видови јадливи печурки се препорачани за посебно
внимание. Тие се најинтензивно собирани, и нивните популации треба да бидат повнимателно
менаџирани на годишно ниво со крајна цел иницирање на построги режими на управување каде и кога
ќе биде потребно.

Табеларен приказ во следниот прилог:[:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]