Ски центарот Заре Лазаревски од Маврово оваа година по 5ти пат го организира еден од најпредизвикувачкиот аматерски спортски настан ”Mavrovo Maximum Adventure”. Овој настан е наменет за компании и е еден вид на лесен спортски тим билдинг со натпреварувачки карактер, каде екипите се натпреваруваат во авантуристички спортови и игри со цел да победи подобриот.
Настанот ќе се одржи од 08-10 Јуни на терените на скијачкиот центар и Мавровско езеро. Овој настан се состои од натпреварување во 2 дела, Sport Challenge и Adventure Games.
Sport Challenge предизвиците се наменети за поединечно натпреварување каде учесниците ќе може да се натпреваруваат во:
1. Планинско трчење – нова патека (машка и женска категорија)
2. Планински велосипедизам – нова патека (машка и женска категорија)
3. Кајак
4. SUP даска
5. Стрелаштво
6. Стреличарство
7. Hercules toss
8. Ground darts
9. Warrior race (машка и женска категорија)
Adventure Games се игри кои се наменети за тимско натпреварување со цел секој предизвик да се заврши во што е можно побрз временски рок.
Оваа година ќе имаме многу награди, повеќе забава, нова локација и изненадувања.
За тоа, што се треба да се состави еден тим и кои се правилата на настанот може да се информирате на нашата веб страница
www.mavrovomaximumadventur