Општа карактеристика на водоземците и влечугите во Заштитеното Подрачје Национален Парк
Маврово е високиот степен на видов диверзитет. Во рамките на територијата на Паркот регистрирано е
присуство на вкупно 11 видови на водоземци, што претставува 73.3% од вкупниот број на водоземци
на национално ниво, претставени со 15 видови, како и 24 видови на влечуги, што претставува 75% од
вкупниот број на влечуги на национално ниво, претставени со 32 видови.

Водоземците Македонски мрморец (Triturus macedonicus), Жолт мукач (Bombina scabra), и Поточна
жаба (Rana graeca) се Балкански ендемити, кои се ранливи (чувствителни) на исчезнување поради
нивниот ограничен дистрибутивен ареал, кој покрива водни екосистеми со дисјунктивна дистрибуција,
како и влечугите: Ридска желка (Eurotestudo hermanni boettgeri), Лушпеста гуштерица (Algyroides
nigropunctatus), Голем зелен гуштер (Lacerta trilineata), Македонска гуштерица (Podarcis erchardii) и
Степската гуштерица (Podarcis tauricus), кои исто така се Балкански ендемити, ранливи на исчезнување
заради нивниот дисјунктивен ареал на дистрибуција, со ограничени површини.

Табеларен приказ во следниов прилог:

 

Logos Slider