Заради специфичните физичко‐географски и орографски услови, според промената на климато‐
лошките елементи во зависноста од надморската височина, на територијата на Паркот се присутни следните видови на клима:
• 600‐900 m: Подрачје со топла континентална клима, со средна годишна температура од 8°C до 10°C и просечна годишна сума на врнежи од 600‐800 mm.
• 900‐1,100 m: Подрачје со студена континентална клима, со средна годишна температура од 7°C до 8°C и просечна годишна сума на врнежи од 800‐900 mm.
• 1,100‐1,300m: Подрачје со подгорска континентална планинска клима, со средна годишна
температура од 5.5°C до 7°C и просечна годишна сума на врнежи од 900‐1,250 mm.
• 1,300‐1,650m: Подрачје со горска континентално ‐ планинска клима, со средна годишна температура од 3°C до 5.5°C и просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.
• 1,650‐2,250m: Подрачје со субалпска клима, со средна годишна температура од ‐1°C до 3°C и
просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.
• 2,250‐2,764m: Подрачје со алпска клима, со средна годишна температура од ‐5°C до ‐1°C и просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.
Според резултатите од климатските сценарија, просечниот пораст на температурата на територијата на Република Македонија ќе се движи во опсегот меѓу 1.2 °C до 2025 година, 2.3 °C до 2050 година, 3.5 °C до 2075 година и 5.1 °C до 2100 година. Според определени емисиони сценарија за климатските промени на територијата на Заштитеното Подрачје Маврово, се очекува пораст на врнежите во зимскиот период до крајот на 21 век кој би можел да достигне до 6%, а во сите други сезони е проектирано опаѓање на врнежите. Најинтензивно намалување на врнежите од ‐16% се очекува во летниот период.