Обука за мерки за противпожарна заштита и спасување во НП Маврово

На 11 јуни 2025 година, во Националниот парк Маврово, беше организирана обука за мерки за противпожарна заштита и спасување (ППС) со претставници од прекуграничните заштитени подрачја на масивот Шар-Кораб.
Оваа обука беше на иницијативата на менаџерскиот тим на Националниот парк Маврово, при што вработените од паркот ја споделија својата експертиза и овозможија практична демонстрација на мерките за противпожарна заштита.
Националниот парк Маврово спроведува обука за мерки за противпожарна заштита и спасување за своите вработени, а овој пат создаде можност за да вклучат и учесници од другите заштитени подрачја од регионот, вклучувајќи претставници од Албанија и НП Шар-планина, препознавајќи ја важноста на заедничкото учење и соработка за ефикасна заштита на екосистемите на Шарпланинскиот и Корабскиот масив.
Целта на оваа обука беше да се подобри теоретското и практичното знаење за превенција од пожари, мерки за заштита, интервенции за гаснење пожари и операции за спасување. Посебен фокус беше ставен на заштитата на животите, имотот, природните живеалишта, шумите и пасиштата во случаи на вонредни состојби, без разлика дали кој е факторот за предизвикување на пожарот.
Оваа средба придонесе за воспоставување и зајакнување на тимови за противпожарна заштита и волонтерски структури базирани во заедницата низ целиот регион Шар-Кораб.
Покрај техничката обука, сесијата создаде добра платформа за размена на знаења меѓу професионалци и волонтери кои работат во заштитени подрачја, вклучувајќи ги учесниците од Националниот парк Маврово, Националниот парк Шар Планина (Македонија) и Заштитеното подрачје Кораб-Коритник (Албанија).
Обуката промовираше прекугранична соработка, ја подобри подготвеноста и ги поддржа заедничките напори во управувањето со ризици од пожари, вклучително и материјална и техничка поддршка за ППС станиците и волонтерските тимови.
Оваа обука беше во рамките на проектот „Заштита и одржливо користење на заштитените подрачја на Шар Планина, Маврово и Кораб-Коритник“, финансиран од PONT – Prespa Ohrid Nature Trust и имплементиран од ALCDF во партнерство со CSCD и LAG Dibra Turistike.