Информација за почеток на сезона за спортски риболов на водите во НП Маврово 2026
Ве известуваме дека од 01.02.2026 година (недела) започнува сезоната за спортски риболов на Мавровско Езеро и река Радика во Националниот парк Маврово и ќе трае до 31.10.2026 година.
Денови кои се дозволени за спортски риболов
Мавровско Езеро
• Од 01.02.2026 година до 31.05.2026 година, дозволени денови за риболов се: петок, сабота, недела и државни празници.
• Од 01.06.2026 година до 31.10.2026 година, риболовот ќе биде дозволен секој ден.
Река Радика и притоки
• Дозволени денови за риболов од 01.02.2026 година до 30.09.2026 година се: петок, сабота, недела и државни празници.
• Во месеците јули и август, риболовот ќе биде дозволен секој ден.
• Дневна риболовна дозвола – 300,00 денари
• Годишна риболовна дозвола – 5.000,00 денари
• Годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери – 3.000,00 денари
Услов за добивање на годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери е приложување соодветен документ (чек од пензија, документ за ученик или студент).
ЦЕНОВНИК ЗА РИБОЛОВНИ ДОЗВОЛИ ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ НА ВОДИТЕ ВО НП МАВРОВО ЗА ЖИТЕЛИ НА ПАРКОТ
• Дневна риболовна дозвола – 100,00 денари
• Годишна риболовна дозвола – 2.500,00 денари
• Годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери – 1.500,00 денари
Услов за добивање дневна риболовна дозвола за жители во паркот е приложување лична карта.
Услов за добивање годишна риболовна дозвола за жители во паркот е приложување лична карта.
Услов за добивање годишна риболовна дозвола за пензионери, ученици и студенти кои се жители на паркот е приложување лична карта и соодветен документ (чек од пензија, документ за ученик или студент).
Дозволите може да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.
Дневна риболовна дозвола може да се купи и преку електронскиот систем на www.npmavrovo.mk, во делот БИЛЕТИ, или на следниот линк: https://npmavrovo.mk/buy/130
За купување дневна риболовна дозвола преку електронскиот систем потребно е да имате важечка e-mail адреса, на која ќе добиете потврда за уплатата. Уплатата може да се изврши со сите видови платежни картички.
Обврската за поседување легитимација за спортски риболов со платена членарина за тековната година е задолжителна за сите типови дозволи.
Податоците кои се внесуваат при купување дозвола преку електронскиот систем (на пример бројот на риболовна легитимација) мора да бидат точни и веродостојни. Со штиклирање на опцијата Потврда за точност на податоците, корисникот потврдува дека поседува соодветна риболовна легитимација со платена членарина – маркица за 2026 година.
При контрола од страна на ренџерската служба или друг овластен државен орган, секое лице кое поседува риболовна дозвола извадена преку електронскиот систем, покрај повратниот e-mail како доказ за уплата, е должно да приложи и важечка риболовна легитимација. За давање неточни информации се одговара согласно закон.
Дозволата купена по електронски пат, со истиот реден број, ќе биде евидентирана и во хартиена форма. Доколку има потреба, дозволата во хартиена форма може да се подигне во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.
