Денес 28.02.2025 во посета на Националниот парк „Маврово“ беше беше Директорот на Управата за животна средина Игор Никовски и оствари средба со Директорот на паркот Харис Ибраими.

На состанокот се разговараше за тековнато работење на паркот, точките на кои треба да се продлабочи соработката, клучните предизвици и се дефинираа планови и активности за унапредување на работата на паркот

Директорот Ибраими го информираше Директорот Никовски за чекорите кои се превземаат за донесување на планските документи, студијата за ревалоризација и планот за управување потребни за репрогласувањето на паркот.

Директорот Игор Никовски истакна дека националните паркови се во фокусот на Управата за животна средина и ја потенцираше заложбата и подготвеноста да понуди помош за подобрување на работата на паркот во периодот што следи.

 

Logos Slider