Фокус на превенција и рано предупредување: ЦУК и НП „Маврово“ со нов меморандум
Денес, директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, и директорот на Националниот парк „Маврово“, г-дин Харис Ибраими, потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на институционалната координација во управувањето со ризици.
Меморандумот опфаќа соработка во раното предупредување и превенција од пожари, заштита на националното природно богатство, како и координирано дејствување и размена на информации при кризни состојби.
Со овој чин се нагласува дека заштитата и превенцијата на националните паркови се меѓу врвните приоритети на директорот на Центарот за управување со кризи, со цел нивно трајно зачувување како национално богатство од особено значење за државата и идните генерации.

Logos Slider