Манастир Св. Јован Бигорски
Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа по течението на прекрасната Радика, на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште.
Историја на манастирот
Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во 16 век манастирот бил разрушен а од целиот комплекс останал само како малата црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.
Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор.
Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.
Општи информации
Иконостас
Манастирот Свети Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Тој бил изработен од страна на Петре Филипов – Гарката од селото Гари. Него го правеле занаетчијските раце на Петре Филипов – Гарката од селото Гари. Заедно со брат му Марко Филипов, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој во периодот од 1829 до 1835година, успевајќи да создадат прекрасна артистичка дрвена постапка.
Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони – празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото Распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на Јован Крстител и Пресвета Богородица.
Икона на Јован Крстител
Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието, иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна бил изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Во 16 век, во времето на султанот Селим II, Османлиите го запалиле манастирот а иконата мистериозно исчезнала за да потоа уште помистериозно се врати неоштетена. Во манастирските списи е запишано дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во1885 година иконата е обложена со сребрен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека третата рака е благословувачка и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца.
Манастирски комплекс
Во манастирскиот комплекс има отворено „Галерија на икони“. Во галеријата има изложено околу седумдесетина икони и истите датираат од 12 век, 13 век и 19 век. Галеријата започнала со икони од првата половина на 17 век, и се проследени со христовиот живот од благовештението, од рожденството, крштевање Христово, преображение, влегувањето во Ерусалим, распнувањето, воскресението, вознесението и успението на Пресвета Богородица.
Во притворот на црквата во 1871 година се наоѓале фреските на “Св. Климент Охридски”,”Св. Наум”,”Св. Јован Владимир”,”Св.Св. Кирил и Методиј”,”Св. цар Борис”и “Св. цар Иван Шишман бугарски”. Според бугарскиот новинар Светослав Терзиев, денес имињата на бугарските владетели Борис и Иван Шишман се преправени во Стефан Дечански и Лазар Хребељановиќ, за време на српската окупација на Македонија 1913-1941 година.
Во манастирот “Свети Јован Бигорски” има остатоци од црквата што потекнува од 16 век, односно од 17 век и 18 век, од која се уште се чуваат големите икони. Најстарите, поточно од 16 век се реставрираат во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.
Занимливости
Во овој комплекс е снимен македонскиот филм Мис Стон
Пожарот во манастирот
На 30 септември 2009 година во манастирскиот комплекс избувна пожар при што целосно изгоре стариот конак, горниот палат, две трпезарии, гостинската просторија, кујната, библиотеката и монашките живеалишта
извор: ВИКИПЕДИЈА
Мост “Елен Скок”
Мостот е изграден на Мала Река, на околу шестотини метри од месноста Бошков Мост во близина на регионалниот пат Гостивар-Дебар.
Според кажувањата на локалното население и легендите, мостот бил изграден пред 3-4 века во спомен на загинувањето на еден волшебен и прекрасен елен. На планината Стогово, во непосредна близина на селото Могорче, ловџија од селото одејќи на лов пресретнал елен. Ја подигнал пушката за да пука. Но, кога еленот го погледал, сфатил дека еленот со топлиот поглед и ставот како да го моли да не пука, да не го убива. Ловџијата бил маѓепсан, ја спуштил пушката, се доближил до еленот и почнал да го гали, а тој со главата го гушкал и го изразил своето пријателство.Така ловџијата и еленот се спријателиле и секој ден се дружеле. За средбите со еленот ловџијата им раскажал на селаните. Тие едно утро се упатиле да го бараат. Го сретнале и се обиделе да го фатат. Но, еленот почнал да бега и за да не стане плен на непознатите, се обидел да ја прескокне реката. Но, не успеал во тоа. Скокот бил за неколку педи пократок и ги скршил предните нозе. Во спомен на храброста и убавината на еленот, селаните на Могорче, кои биле прочуени мајстори, го соѕидале овој мост со невообичаена градба и архитектура.
извор: ВИКИПЕДИЈА
Стара џамија во с. Ростуше
Наспроти релативно големата концентрација на христијански сакрални објекти културното наследство кое ги опфаќа исламските споменици покажува драстично поредуциран обем. За нив во архивската документација на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата,постојат за жал само оскудни информации, кои заедно со недостатокот од соодветен истражувачки третман и непостоење на релевантна стручна литература, го оневозможуваат нивното вреднување во контекст на општиот придонес на исламското наследство за културната слика на општина Маврово и Ростуше.
Според локалното население и некои тефтери кои се пронајдени (дел од нив сеуште стојат во просториите на џамијата) објектот е стар преку 350 години. Несоодветното третирање на џамијата и занемарувањето на нејзината културно историска вредност придонесе врз истата да се направат повеќе неадекватни градежни зафати со што во голема мерка се промени нејзиниот надорешен – оригинален изглед.
Пред извесен период во непосредна близина на џамијата е изградено мало минаре за чија што изградба беше искористен бигор- камен од реновираната селска џамија во с. Ростуше. Еден дел од овој бигор се искористи и во изградбата на новите делови во манастирот Св. Јован Бигорски додека пак Бигорскиот Манастир и православните верници со финансиска помош ја помогнаа изградбата на новата џамија во с. Ростуше. Со ова уште еднаш се потврдува добриот соживот на локалното население кое има различни религиозни погледи.
Археолошки локалитет Св. “Никола„
Локалитетот претставува некропола од доцниот среден век.
Се наоѓа во с.Маврово во близина на потопената црквата св “Никола“ веднаш под патот, каде што покрај црквата, за време на летниот период кога нивото на водата во мавровско езеро е помало се гледаат и камени плочи од гробови и архаични крстови од бигор.
извор: ВИКИПЕДИЈА