Локални заедници и население

 

На територијата на НПМ живеат вкупно 8,618 жители. Со 11,9 жители на km2 оваа територија во целина е една од ретко населените, особено земајќи го предвид фактот дека оваа бројка на ниво  на државата изнесува 80 жители на km2. На територијата на општината Маврово‐Ростуше постојат 42 населени места, од кои 37 се наоѓаат во границите на заштитеното подрачје.

Големината на секое од овие села е различна. Вкупниот број на куќи изнесува 4,776, од кои само 1,969 или 41,2% се користат како живеалишта, додека останатите се напуштени, или пак  сопствениците се на работа надвор од своето огниште. Вкупниот број на жители, според пописот од 2002 година изнесува 8,618 лица, од кои 4,297 или 49,4% се мажи и 4,323 или 50,6% се жени. Анализите за образовната структура покажуваат дека најголем дел од локалното население (51.7%)  со завршено основно образование, додека 33.4% има завршено средно образование. 7.4% од населението нема воопшто никаво образование. Невработеноста во оваа општина достига значајни 49%. Според верската определеност, преовладува муслиманското население, кое е застапено со 7,506 лица или околу 87%. Анализите за националната припадност покажуваат дека околу 50% од населението се Македонци, 31% Турци и 17% Албанци.

Logos Slider