Есенско порибување во Националиот Парк „Маврово“
Успешно реализирано есенско порибување во Национален Парк „Маврово“
Јавната Установа Национален Парк „Маврово“, согласно своите надлежности, годишната програма за работа и плановите за управување со природните ресурси, на 20.11.2025 (четврток) успешно го спроведе есенското порибување на водите на територијата на паркот.
Ова е редовна и планирана активност преку која се обезбедува континуитет во грижата за рибниот фонд и биодиверзитетот на паркот. Главната цел е да се подобри состојбата и разновидноста на рибниот фонд, да се поддржи природната репродукција на автохтоните видови риби и да се обезбеди одржливо управување со водните екосистеми.
Локации на кои се изврши порибувањето:
Како и претходните години, активностите се реализираа на неколку локации по течението на реката Радика со нејзините притоки и Мавровското Езеро, кои се најзначајните водени живеалишта во Националниот Парк.
Количина и видови на уфрлена риба:
Мавровско Езеро:
• 200 кг крап
• 100 кг поточна пастрмка (Salmo Farooides)
Реката Радика (притоките):
• 100 кг поточна пастрмка (Salmo Farooides) Активноста беше реализирана со присуство на надлежен инспектор и стручна поддршка од вработените во ЈУНП „Маврово“, кои и оваа година покажаа силна посветеност кон заштитата на природата и одржливото управување со ресурсите на паркот.
Со вакви активности Националниот Парк „Маврово“ ја потврдува својата мисија – чување, обновување и унапредување на природните вредности, со посебен акцент на биолошката разновидност и здрави екосистеми.