Известување за завршување на сезоната за спортски риболов во водите на територијата на Национален парк „Маврово“ за сезоната 2024/2025
 
			    
			Почитувани љубители на спортскиот риболов,
Ве известуваме дека со завршување на тековната сезона за спортски риболов 2024/2025 година, Националниот парк „Маврово“, воведува забрана за спортски риболов во следниот период:
 Од 01 ноември 2025 година до 31 јануари 2026 година
 Од 01 ноември 2025 година до 31 јануари 2026 годинаЗабраната се однесува на сите води на територијата на Националниот парк „Маврово“, и тоа:
Мавровско Езеро,
Река Радика со сите нејзини притоки.
Овој период е наменет за заштита и обновување на рибниот фонд, со цел зачувување на природната рамнотежа и обезбедување на одржлив развој на спортскиот риболов во наредните сезони.
 Новата сезона за спортски риболов ќе започне на 01 февруари 2026 година.
 Новата сезона за спортски риболов ќе започне на 01 февруари 2026 година.Им се заблагодаруваме на сите спортски риболовци за разбирањето и придржувањето кон оваа одлука, со што заеднички придонесуваме за заштита на природното богатство на Националниот парк „Маврово“.
Со почит,
Јавна установа Национален парк „Маврово“
 
                          
                          
                          
                          
                          
                         