Во рамките на Риболовната основа и согласно Годишниот план за порибување, Националниот парк Маврово изврши порибување со 200 кг пастрмка и 200 кг крап во Мавровското Езеро, како и порибување со речна пастрмка во дел од реките на територијата на паркот.

Порибувањето се спроведува како дел од континуираните активности на Националниот парк за одржување и унапредување на рибниот фонд и зачувување на природната рамнотежа во водните екосистеми.
Паралелно со овие активности,

Службата за заштита на природата врши редовни контроли на водите и на целата територија на паркот, со цел спречување на нелегалниот риболов и заштита на природните богатства.
Заштитата на водите и рибниот фонд е наша заедничка одговорност.

Со почитување на правилата и одговорно однесување, придонесуваме за зачувување на природното богатство на НП Маврово

Logos Slider

‹ ›