03.01.2025 г.
Денес во просториите на информативниот туристички центар во Маврови Анови се одржа втората јавна консултативна средба со жителите кои егзистираат на територијата на НП Маврово. На истата се изврши презентација на студијата за ревалоризација на заштитеното подрачје Национален парк Маврово, во која е вклучено и зонирањето на паркот. Во присуство на поголем број на жители но и претставници на бизнис секорот, невладини организации како и претставници на Инспекторатот за животна средина, беше направена презентација на документацијата и новото предлог зонирање, после што се отвори поширока дискусија. Средбата беше искористена за добивање на конкретни забелешки, предлози и сугестии во однос на идното зонирање на паркот. Од страна на директорот Харис Ибраими беше потенцирано дека сите забелешки ќе бидат сериозно разгледани и дека гласот на локалното население ќе се земе во предвид во понатамошните постапки.

Logos Slider